Коалицискиот договор меѓу Зaев и Ахмети пред највисоките партиски органи на СДСМ и ДУИ

Од:

Највиските партиски тела на СДСМ и на ДУИ денеска треба да го потврдат договорот за формирање владина коалиција што вчера го постигнаа лидерите на двете партии Зоран Заев и Али Ахмети.

СДСМ ќе одржи седница на Централниот одбор вечер во 20 часот, а претходно се очекува да се состанат и членовите на Извршниот одбор.

Лидерот на партијата и мандатар Заев вчера во изјава за медиумите по средбата со Ахмети најави дека за постигнатиот договор ќе реферира пред највисоките органи на партијата, а ќе ги информира и партнерите од коалицијата „Можеме“, како и ДПА, кои ќе бидат вклучени во владината коалиција. Дел од коалицијата „Можеме“ се партиите Беса, Либерално-демократската партија, ДОМ и други.

ДУИ веќе најави дека за 18:00 часот во Тетово е закажан состанок на Генералниот совет на партијата на кој ќе се разговара за изборите на 15 јули, а Ахмети ќе информира за договорот за коалицирање со СДСМ. По состанокот најавена е изјава на Ахмети.

Освен дека Талат Џафери останува претседател на Собранието, засега официјално не се откриваат персоналните решенија за министерските места.

Мнозинството во Парламентот, со гласање за избор на староновиот претседател, се очекува да биде потврдено најдоцна до петок. Џафери се уште не се изјаснил кога ќе го закаже продолжението на конститутивната седница.

Медиумите неофицијално пишуваат за договорените министерски позиции во новата влада, но најголем дел се однесуваат на партиите од албанскиот блок. Засега не се знае кога Заев ќе го објави персоналниот состав на новата Влада. Тој вчера соопшти дека промени ќе има и дека во новата Влада ќе нема министри без ресор.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата