Коалицијата „Заедно за Струга“ побара поддршка за Кочоски

Од:

Коалицијата „Заедно за Струга“ денеска ги повика граѓаните да гласаат за кандидатот за градоначалник на општината Владо Кочоски.

Пратеничката во македонското Собрание Лилјана Затуроска рече дека во текот на досегашната изборна кампања, политичките конкуренти на коалицијата составена од македонски партии не понудиле ништо за иднината на Струга.

– Граѓаните очекуваа Зијадин Села да се обрати на стружани и да им ја понуди неговата визија за иднината на Струга. Сметавме дека ќе предложи да биде градоначалник на сите, и дека конечно, како кандидат за градоначалник од редовите на ДПА сфатил оти оваа земја е и негова татковина. Од тие причини ги повикувам сите граѓани да ја дадат поддршката за кандидатот Владимир Кочоски, истакна Затуроска на денешната завршна прес-конференција.

Според неа, во текот на изминатиот период Кочоски водел исклучително позитивна изборна кампања, промоворајќи ги проектите за развој на Струга.

– Недела, 7 април, е денот кога треба заедно да се избориме и гласаме за вистинската опција за Струга, да гласаме за човекот кој во целата кампања не навредил никого, а уште помалку омаловажил некого. Гласајте за Владимир Кочоски и препуштете ја Струга во вистинските раце, повика Затуроска.

Кандидатот за градоначалник Кочоски уште еднаш потенцира дека ќе биде градоначалник на сите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или партиска припадност.

– Повикувам на 7 април повторно да излеземе во масовен број, да ја избереме вистинската опција, бројот 19, за победа на Струга. Струга е мултиетничка заедница. Тука живеат Македонци, Албанци, Турци, Роми… Јас уште кога се кандидирав, кажав дека ќе бидам градоначалник на сите нив, изјави Кочоски.

В недела на вториот круг од локалните избори во општина Струга, Владимир Кочоски за противкандидат ќе го има Зијадин Села од ДПА.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме