Коалицијата за промени и правда на средби со граѓани од Маџир маало

Од:

Коалицијата за промени и правда предводена од Демократскиот сојуз денеска имаше средби со граѓани од скопската населба Маџир маало на кои ја презентираше изборната програма.

Лидерот на Демократскиот сојуз и носител на листата во Првата изборна единица Павле Трајанов по средбите изјави дека нивната коалиција е гарант за промени, стабилност на државата и економски развој.

Тој најави исти бизнис услови за домашните и за странските компании, 800 милиони евра за развој и 2 проценти од Буџетот за проекти за вработување на младите, 300 евра минимална плата, 200 евра најниска пензија и најмалку 100 евра социјална помош.

– Со отворање на над 30.000 илјади мали фирми ќе се вработат над 90.000 млади кадри, рече Трајанов.

Носителот на листата во Четвртата изборна единица Слободан Богоески оцени дека Коалицијата за промени и правда е прифатена од народот, а носителот на листата во Втората изборна единица Јове Кекеновски рече дека гласот за Коалицијата за промени и правда е глас за промена на, како што посочи, црно белата боја.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он