Коалицијата ВМРО за Македонија на средба со граѓани во Тетово

Од:

Носителот на листата за пратеници од коалицијата ВМРО за Македонија во Шестата изборна единица Зоран Велковски денеска одржа прес-конференција пред Жена парк во Тетово.

– На последните парламентарни избори Македонците од овие краишта во изборната единица шест гласаа за пет претставници во македонскиот парламент и тоа еден за СДСМ и четворица за ВМРО-ДПМНЕ. Од програмата за локалните избори во 2013 година од ВМРО ДПМНЕ стои дека на просторот од Жена парк во Тетово ќе биде изградена црква, но како што е сегашната состојба, не само што црквата не е изградена, туку црквата не е ни почната. За помалку од десеттина денови имаме нови парламентарни избори и Вие решавате за кого ќе го дадете својот глас. Не сакам да кажам да гласате за мене или коалицијата ВМРО за Македонија, но едноставно немојте да гласате за тие што еднаш или повеќе пати ве излажале, рече Велковски.

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО Народна партија што е дел од оваа коалиција, Драган Давидовски рече дека гласот даден за мала партија е глас за демократијата и демократските процеси што и се потребни на Македонија.

– Гласот даден за мала партија е богатство и тоа е даден глас за иднината на сите нас бидејќи и во малите партии членуваат луѓе со големи интелектуални способности и потенцијал и со верба дека нивното знање и познавање како и нивната успешност во секојдневниот живот и работа е надеж за сите нас. Затоа им порачувам на граѓаните да не се плашат и да го дадат својот глас за оној што мислат самите, рече Давидовски.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ