Коалицијата „Можеме“ утре ја започнува кампањата

Од:

Од СДСМ велат дека утре започнува караванот на Коалицијата „Можеме“, без масовни митинзи и посети на домови, со здравствено безбедни настани.

„Утре започнува победничкиот караван на Коалицијата „Можеме“ најголемата, најразнолика и најсилната предизборна коалиција.

Грижејќи се за здравјето на граѓаните и целосно почитувајќи ги мерките за заштита од КОВИД 19 коалицијата „Можеме“ ќе организира изборна кампaња по строго утврдени протоколи, без митинзи и без посети на домови на семејства.

За запознавање со понудата коалицијата „Можеме“ на распологање ќе ги стави сите онлајн и дигитални алатки на располагање, како и засилено присуство на традиционалните медиуми.

За подобра двонасочна комуникација со граѓаните, ќе се органзиираат средби со целни групи, како и мали трибини во контролирани услови и со точно утврден број на присутни, со целосно почитување на мерките и задолженијата од надлежните институции.

Првата мала, здравствено безбедна трибина ќе се одржи утре во Струмица на која ќе учествуваат носителите на изборната единица 4 ,претседателот на СДСМ Зоран Заев и Соња Мираковска.

Во текот на оваа недела централниот караван ќе одржи мали собири, целосно здравствено безбедни трибини и во Охрид (четврток) Велес (петок) Општина Центар (сабота) и Куманово (недела)“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари