Никако да почне седницата за пратенички прашања: Пратениците на Села го напуштија Собранието

Од:

Незадоволството на пратениците од албанскиот опозициски блок е причината за двете прекинувања на седницата за пратенички прашања. Пратеникот на Алијанса за Албанците, Сурија Рушиди во знак на револт што нивниот лидер Зијадин Села не е меѓу првите пратеници кој ќе постави прашања рече дека пратениците од оваа партија нема да присуствуваат на седницата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери го прочита списокот на пријавените пратеници за збор кој го добил пред 3 дена и рече дека Сала го нема запишано за поставуавње прашања.

„Како сега да го ставам Зијадин Села да постави пратеничко прашање кога на спсокот што ми го доставивте од 26 пратеници, тој го нема никаде. Згора на се на координација пред седницата не доаѓате, не знам дали постои друг начин да се договориме“, рече спикерот Џафери.

Пратеникот Рашиди не беше задоволен од одговорот на собранискиот спикер и најави дека паратениците на Алијансата ќе ја напуштат седницата.

„Поради сето ова, ние во знак на револт, нема да учествуваме на оваа седница, ќе ја напуштиме салата“, најави Рашиди.

Талат Џафери кусо му реплицираше и рече дека тоа е нивно право и прогласи пауза од еден час по што треба да продолжи седницата за пратенички прашања по најавениот редослед.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата