Коалиција за Промени и Правда: Слободан Богоески во посета на Кавадарци и Неготино

Од:

На ден 23.11.2016 Носителот на листа на пратеници од Коалицијата за Промени и Правда, Слободан Богоевски заедно со дел од кандидатите на листа за пратеници остварија повеќе средби со граѓани од неготинскиот и кавадаречкиот крај.

На средбите граѓаните ги истакнаа најзначајните проблеми со кои се соочуваат и својата резигнираност од состојбите и политиките на владејачкиот режим: големата невработеност, проблемите со откупот на грозјето, масовното иселување на младите кадри заради немање перспективи во својата држава, како и притисоците во сите сфери на живеење кои ги прават врз нив партизираните институции.

Носителот на листата Слободан Богоевски и другите кандидати им презентираа дел од програмата на Коалицијата за Промени и Правда за справување со општата состојба во државата и посебно нашите планови за решавање за проблемот со невработеноста, откупот на грозјето и овоштарството. Се работи во суштина за немање на државен концепт за развој на земјоделието и дека корумпираната власт се обидува социјалниот мир да го купува на грбот на земјоделците и лозарите, држејќи ниски откупни цени повеќе од 20 години, а во исто време зголемувајќи ги трошоците на производството.

Нашиот концепт е изграден врз искуството на успешните европски држави и се состои во следното Државата мора да ги детерминира земјоделските региони, второ да го субвенционира производството на културите во тие региони, да ги гарантира минимални откупни цени и откупот на вишокот на земјоделски производи на товар на државата. Субвенциите ќе бидат доделувани само на производители по количина на производот, а на не концесионери кои не се ни земјоделци ни овоштари, туку се партиски војници на актуелната власт.

Исто така му упатија порака на лидерот на актуелниот режим Никола Груевски нема зошто да доаѓа во Неготино и Кавадарци и дека народот ќе го казни за сите злодела во изминатите 10 години.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ