„Режимот ќе падне. Тоа е пораката на големиот број стопанственици и граѓани од Скопје. Во разговорите граѓаните искажаа поддршка на Коалицијата за Промени и Правда и подготвеност на 11-ти декември да направат пресврт, гласајќи за кандидатите за пратеници од Коалицијата за Промени и Правда.
По разговорите со граѓани во Скопје, Коалицијата за Промени и Правда одржа прес конференција за која, Павле Трајанов, носител на правата изборна единица нагласи:
Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, го повикува Јавниот обвинител на Република Македонија, по „чуен глас“, за кршење на Изборниот законик, да презема законски мерки за документирање на тие случаи и отвори предистражни постапки. Тој е државен орган, кој по службена должност, ги открива и гони сторителите на кривични дела.
На Јавниот обвинител, му се на располагање сите државни институции, вклучително и министерството за внатрешни работи.
Пасивниот однос, значи солидарност со владејачките партии, посебно со ВМРО-ДПМНЕ и нивните активисти, кои деновиве како разулавена банда, ги тероризираат и притискаат граѓаните и фирмите да учествуваат на митинзи и да гласат за нив.
Според досегашните информации, директори на јавни претпријатија, на основни и средни училишта, раководители во министерства, државни агенции и во други институции, ги уценуваат вработените да присуствуваат на митинзи и да гласат за владејачката партија.
Активисти на ВМРО-ДПМНЕ, вршат селекција на влијателни фамилии и поединци, за да преку нив купуваат гласови, потоа им се закануваат на граѓани и фирмите што должат, ако не гласат за нив, дека ќе им пратат извршители, дека на фирмите нема да им биде исплатен долгот за извршени работи од страна на Владата и општините односно не да им го вратат ДДВ и сл.
Сакаме да им порачаме на сите кои ги кршат законите, дека режимот ќе падне и за тие злодела ќе одговараат.
Ќе одговараат и тие што ги плашат граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ знае кој како ќе гласа, што е нотарна глупост, бидејќи гласањето е тајно. За кршење на изборните правила, предвидени се строги казни вклучително и за повреда на тајноста на гласањето.
Јове Кекеновски, носител на втората изборна единица рече:
Коалицијата за промени и правда ги потсетува граѓаните на Република Македонија да не подлегнуваат на притисоците од партиските агитатори, а на партиските војници да не си играат со огинот и да не го прекршуваат Изборниот законик.
Сите оние кои индивидуално или злосторнички здружени нема да го почитуваат и свесно ќе го прекршат законот треба да знаат дека санкциите за сторените кривични дела во Изборниот законик се ригорозни. Така на пример:
• Спречување на одржување на изборите и гласањето,
• Повреда и злоупотребата на избирачкото право,
• Повреда на слободата на определување на избирачите,
• Поткупот при избори и гласање,
• Повреда на тајноста на гласањето, уништувањето на изборниот материјал, злоупотребата на слобода на гласање и
• Изборната измама
За сите овие кривични дела предвидена е казна од најмалку 3 односно 5 па и повеќе години.
Затоа апелираме до сите да се придржуваат до Законикот и да не се обидуваат свесно или не свесно, под наредба или под влијание да го кршат истиот.
Слободан Богоески рече дека сме на лице место на злочинот, каде се потроши над 800 милиони евра за споменици и стиропор згради. За ова мора да се одговара. Стотици милиони евра се украдени преку Проектот „Скопје 2014 година“.
Трајанов посочи дека анализите покажуваат дека минималната плата треба да изнесува 300 евра, предлог кој ВМРО-ДПМНЕ го отфрли во Парламентот, со што покажа не грижа спрема работникот.
На крај Павле Трајанов побара поддршка од граѓаните за да владее правото, законите да важат за сите подеднакво, како прв чекор за утврдување на одговорноста на државниот врв за злосторството што го направи кон народот.
Режимот на 11-ти декември ќе падне.
Секој што ќе направи изборен криминал ќе одговара.
Само со промени може да започне процесот на стабилизација.
Не се плашете режимот ќе падне“, се вели во соопштението на Коалиција за промени и правда.