Коалиција „Сите за правично судење“: Честите рочишта за 27 април се неефикасни и штетни за обвинетите

Од:

За четири месеци се закажани 55 рочишта за упадот во Собранието на 27 април. Ваквата динамика на судењата се неефикасни и за одбраната и за обвинителството, а се на штета на обвинетите, смета Коалицијата „Сите за правично судење“.

„Коалицијата ‘Сите за правично судење’ ја истакнува својата загриженост по однос на динамиката на движење и траење на судските расправи, а која конкретно кулминираше на рочиштето во предметот поврзан со настаните од 27ми април 2017 година кое се одржа на ден 06.09.2018 година во Основниот суд Скопје 1 во Скопје, со почеток во 12:00 часот и траеше до 21:30 часот истиот ден. Со пролонгираното времетраење на рочиштето, а по завршувањето на работното време на судот и неговото траење од 9 часа и 30 минути сметаме дека се постапува на штета на обвинетите во постапката со тоа што се врши повреда на нивното право на адекватно време и простории за подготовка на одбраната. Ова од причина што на обвинетите им се оневозможува правото на ефективна комуникација со бранителите, во насока на отсуство на разумно и доволно време за подготовка на соодветна одбрана“, велат од таму.

Имајќи го предвид фактот, додаваат од Коалицијата, дека на ова рочиште беа изведувани докази на јавното обвинителство до 21:30 часот, а во текот на следниот ден за кога е повторно закажано рочиште по овој предмет во 10:00 часот, на кое што ќе се продолжи со изведување на доказите на јавното обвинителство, одбраната не е во можност во траење на 12 часа и 30 минути помеѓу двете рочишта да ја подготви својата стратегија и да овозможи соодветна одбрана. „Ова е деликатна ситуација, особено имајќи го предвид фактот што најголемиот дел од обвинетите се во притвор каде што комуникацијата со бранителите и онака е отежната поради логистички и технички услови“, велат од Коалицијата.

Дополнително, додаваат од таму, истото прашање може да биде поставено и низ призмата на другите учесници на постапката, односно колку ефикасни можат да бидат јавните обвинители при застапување на обвинението, како и колку квалитетно судечкиот совет може да го следи текот на расправата.

„Коалицијата, ја изразува својата загриженост бидејќи ова е втор предмет со ваква динамика на движење пред истиот судечки совет, а веќе има и насрочени интензивни рочишта до крајот на јануари 2019 година. Во наредниот период се насрочени 10 рочишта за октомври, 17 рочишта за ноември и по 14 рочишта за декември и јануари“, се вели во соопштението.

За компарација, од Коалицијата го наведуваат судскиот предмет „Диво Насеље“ чија динамика била умерена и во рамките на работното време на судот. „Овој процес се одвиваше со динамика од две рочишта неделно во просек, а истиот заврши за две години, па оттаму Коалцијата не гледа причина за толку интензивно насрочување на рочиште за предметот поврзан со настаните од 27 април“, се вели во соопштението.

Од Коалицијата го цитираат Членот 6 од Европската конвенција за човекови права кој упатува на минимални утврдени права на секој обвинет во постапката, помеѓу кои предвидено е и обезбедување на адекватно време и услови за подготвување на одбрана. „Овој член не се однесува само на подготвувањето на одбраната во претходната постапка (фаза на истрага), туку истиот се однесува и на можноста одбраната да биде подготвена за било кое дејствие кое е предвидено да се преземе на главната расправа, особено во фаза на доказна постапка во предмети каде се предложени голем број на материјални докази и сведоци.

„Предупредуваме на фактот дека е неопходно да се зголеми внимателноста при постапувањето на судот во секој сегмент од постапката, особено ако интенција е задржување на кредибилност на целокупниот судски процес и поставување на стандарди за објективност и еднаквост за сите, согласно меѓународните стандарди за фер и правично судење. Оттаму, Коалицијата уште еднаш се повикува на членот 6 од Европската конвенција за човекови права, поточно на начелото на судење во разумен рок, кој рок е релативен согласно на големината на доказниот материјал и инволвираните лица. Овој рок не подразбира судењата само да се одвиваат со голем интензитет и брзина на постапката, туку предвидува разумно време кое би било доволно брзо, но и доволно долго со цел да се овозможи адекватна подготовка на сите учесници во постапката“, заклучуваат од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Би можело да ве интересира

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он