Коалиција „СЕГА“: Прв Индекс за младински развој во Македонија

Од:

Коалицијата на младински организации СЕГА го промовираше првиот Извештај за 2018 година од Индексот за младински развој Македонија. Во однос на категориите кои беа испитуванипреку Индексот за младински развој, најниски вредности се идентификувани кај вработување, образование и граѓанско учество. Дополнително, Индексот дава и насоки во кои области е потребно да се интервенира и кои приоритетни аспекти би требало да се покријат.

Зоран Илиески, тим лидер на проектот од Коалиција на младински организации СЕГА изјави: „Оваа алатка е прва од ваков тип кај нас во Македонија и истата го бележи напредокот на граѓанското учество на регионално ниво. Индексот претставува ресурс со кој граѓанските организации како и локалните чинители ќе користат релевантни мерливи податоци за да ги адресираат актуелните потреби на младите во образованието, здравството, вработувањето, како и граѓанското и политичкото учество“.

На настанот покрај претставникот од Коалиција СЕГА, свои обраќања имаа и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, Раководителот на Секторот за за анализа на политиките и координација во Генералниот Секретаријат на Владат на Р. Македонија, Сузана Никодијевиќ-Филиповска, директорката на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Ана Дракиќ и Александар Цеков, надворешен консултант, истражувач во Центарот за истражување и креирање политики.

Индексот за младински развој во Македонија е подготвен како дел од проектот на Коалицијата на младински организации СЕГА „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“чија цел е да се зголеми влијанието на младинските организации кон граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво, со што ќе се придонесе кон подобрување на статусот и добросостојбата на младите луѓе во државата. Целта ќе биде постигната преку примена на иновативни алатки за детектирање на младински потреби, со фокус на граѓанско учество, зајакнување на знаењата и вештините на младинските организации за решавање на актуелните потреби на младите луѓе со што ќе се подобри разбирањето за младинското учество во локалната заедница. Тимот на проектот го воведе Индексот за младински развој во Македонија, како нова и иновативна алатка за решавање на потребите на младите на сите нивоа.

Коалицијата на младински организации СЕГА е грантист на Проектот на УСАИД за граѓанско учество кој е петгодишна иницијатива во вредност од 9,4 милиони долари и се стреми да го зајакне капацитетот на граѓанските организации (ГО) и младинските групи за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење како и да придонесе за подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија. Овој проект го спроведува Ист Вест Менаџмент Институт, во партнерство со четири локални ГО: Фондацијата за интернет и општество “Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи, Фондација Отворено општество – Македонијаи Националниот младински совет на Македонија. За повеќе информации за работата на Проектот на УСАИД за граѓанско учество посетете ги www.cep.mk и Facebook страницата https://www.facebook.com/CEPMacedonia/.

Би можело да ве интересира

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

A1on

Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години

Горан Наумовски

Секое второ 15-годишно девојче во Mакедонија е тажно и се чувствува безнадежно, секое трето е осамено – анализа на СЗО

Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите