Книга на жалост за амбасадорот Карлов во Руската амбасада во Скопје

Од:

По повод трагичната смрт на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Турција, Андреј Карлов, кој беше убиен во терористички напад во Анкара, на 22 и 23 декември во просториите на Руската амбасада во Скопје ќе биде отворена Книга на жалост.

Како што соопштија од Амбасадата, Книгата на жалост ќе биде отворена во периодот од 10 до 13 и од 15 до 17 часот.

Амбасадорот Андреј Карлов беше убиен вчера во терористички напад во Анкара. Турските власти го идентификуваа убиецот на рускиот амбасадор, кој е ликвидиран веднаш по нападот, како Мевлут Мерт Алтанташ, 22-годишен полицаец од силите за спречување масовни безредија.

Убиството беше извршено во момент на приближување меѓу Русија и Турција и на евакуација на сириските бунтовници од северниот град Алепо. Москва и Анкара оценија дека целта на нападот е да ја поткопа нормализацијата на руско-турските односи, за да не може двете страни да водат поефикасна борба против тероризмот во Сирија.

Истражен тим составен од претставници на руските специјални служби, Истражниот комитет и Министерството за надворешни работи замина за Турција за да се приклучи во истрагата за убиство на рускиот амбасадор Карлов. Како што изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, во тимот има вкупно 18 луѓе, а ќе биде дел од истрагата за убиството на Карлов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Има мртви и ранети во најновиот руски напад во југоисточна Украина

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Горан Наумовски

Украина: 600.000 домаќинства останаа без електрична енергија по масовните руски напади

Горан Наумовски

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Песков: Санкциите на ЕУ може да го отежнат договорот меѓу Русија и САД за испорака на гориво