Книга на жалост во Руската амбасада за жртвите од авионската несреќа кај Сочи

Од:

Руската амбасада во Македонија отвори Книга на жалост во знак на почит кон загинатите во авионската несреќа што се случи вчера над Црното Море во близина на Сочи  и сочувство со нивните семејства и најблиски.

Книгата на жалост ќе биде отворена во Амбасадата на 26 и 27 декември 2016 година од 10.00 до 13.00 и од 15.00 до 17.00 часот, информираат од Руската амбасада.

Поради авионската несреќа што однесе 92 човечки живота, во Руската Федерација е прогласен Ден на жалост.

Авион на руското Министерство за одбрана Ту-154 со 92 патника се урна вчера во Црното Море по полетување од Сочи кон Сирија при што загинаа сите патници и членови на екипажот. Во авионот имало 84 патници и осум членови на екипажот, а исчезнал од радарите во 5.40 минути по московско време (3.40 часот по средноевропско време).

Меѓу патниците биле и 64 членови на воениот ансамбл за народни песни и игри „Александров“, девет новинари и воени лица. Ансамблот „Александров“ требало да одржи новогодишен концерт за руските војници стационирани во базата „Хмејмим“.

Би можело да ве интересира

Кабинетот на Ердоган: Медиумите погрешно ја цитираат изјавата на турскиот претседател

Најмалку двајца повредени во рускиот напад врз Харков

Туск: Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за конфронтација со Западот веќе во 2027 година

Русите ја подготвуваат јавноста за војна со НАТО

Горан Наумовски

Азаров: Западот подготвува напад врз Русија до 2030 година

Захарова: Ако Западот навистина сакаше мир, ќе престанеше да испорачува оружје во Украина