Кнајсл: Преговори со Македонија и Албанија не е подарок туку логика

Од:

Австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл одговарајќи на новинарско прашање за отворањето преговори со Македонија и Албанија порача дека земјите ги исполниле задачите за преговори и дека кредибилитетот на ЕУ е во прашање. Таа притоа го користеше името „Северна Македонија“ во својата изјава.

– Појадував со албанскиот министер за надворешни работи. Не можам да зборувам во име на сите 27 земји, но во наши очи не станува збор да им се подари нешто на овие земји туку ова е прашање на логика. Им дадовме задачи на Албанија и на Македонија, на Северна Македонија како што е правилното ново име на оваа земја, им поставувавме цели што треба да се постигнат и им рековме да ги исполннат. Во случајот на Северна Македонија рековме треба да се стаса до решение за проблемот со името и ако Албанија направи реформи во судството, тогаш ќе стане збор за нашиот кредибилитет да се започне со механизмот. Тука ЕК и Федерика Могерини ја имаат поддршката на Австрија, изјави Кнајсл.

Би можело да ве интересира

Голема измама во Австрија: Македонец и Романка „олеснија“ постара жена за десетици илјади евра

Бројни полициски сили во центарот на Грац, според австриските медиуми станува збор за закана со бомба

Горан Наумовски

Хорор во Австрија – мајка ја прегази својата едногодишна ќерка

А1он

Кнајсл: Австрија секојдневно ја нарушува својата неутралност со соработката со НАТО

Верижна сообраќајка кај Грац, повредени се најмалку 29 лица

Тежок кран згмечи тројца работници во тунел, полицијата се сомнева во технички дефект