Клисарова: Клиниката за онкологија е со ограничени ресурси, а бројот на пациенти се зголемува

Од:

Имаме ограничен буџет – далеку помал од нашата реална потреба за набавка на терапија. Нашите реални потреби сме принудени да ги вклопиме во лимитирани финансиски рамки, рече д-р Виолета Клисарова, в.д. медицински директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија која денеска сведочи на седница на собраниската Анкетната комисија за истражување на работата на Клиниката.

Посочи дека постојано укажувала до Владата и Министерството за здравство за, како што рече, оваа агонија во која е доведена Клиниката. Работи 20 години на Онкологија, а за в.д. директор е назначена на 2 ноември минатата година.

Рече дека по многу години ги вовела редовните стручни состаноци, кои порано ги имало, па биле прекинати, формирала онколошки конзилиум уште првиот месец од именувањето, сакала да постигне, рече, рационалност во препишувањето лекови со висока цена, по строго определени критериуми според медицина базирана на докази и ги апдејтирала онколошките протоколи.

Истакна дека најсериозен проблем со кој се соочила во управувањето со ресурси е нивната ограниченост наспроти неограничениот број на пациенти кој секој ден се зголемува. Поради зголемениот квантитет, рече, доаѓаат во ситуација да го нарушат правото на пациентите за навремена здравствена грижа.

Смета дека е крајно време да профункционира дисперзијата во лекување на пациенти со малигни заболувања за што, рече, нивните молби кон други клинички болници со радиотерапија во земјава не вродиле со плод. Ги посочи Клиничката болница Битола кој има радиотераписки апарат што не работи, има кадар и опрема, а третира мал број пациенти. И клиничките болници во Штип и Тетово имаат специјалисти радиотерапевти онколози. За ГОБ „8 Септември“, рече, има радиотераписки апарат што Онкологија го нема и за таа услуга ги испраќа пациентите во странство.

-Дисперзијата мора да биде овозможена и поддржана од државата за клиники каде што се воспоставиле услови и кои имаат кадар и опрема. Мислам дека таму каде што има ресурси и кадар, треба да има институционален притисок врз овие институции, рече Клисарова.

Укажа дека е во пораст бројот на болни со малигни заболувања и често значаен дел се со метастатска фаза и тоа, рече, треба да биде аларм за државата да се фокусира на превенција на малигни болести.

Апелираше до истражните органи што поскоро да заврши постапката со утврдување на злоупотреба на Клиниката и ако се утврди вина, да се именуваат виновниците и да се отфрли колективна вина која, рече, е надвисната над Клиниката во која работат професионални и одговорни лица.

-Се создаде недоверба кон Клиниката, паника во јавноста и меѓу нашите пациенти. Не им е доволна маката со тежината на болеста, туку сега имаат и несигурност како ќе бидат третирани, рече директорката на Онкологија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

СДСМ: По 20 години, во наше време, се расчистува случајот Онкологија, лагата на ДПМНЕ се покажа и со Анкетната комисија

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Се кратела ли терапија од пациенти, се препишувале ли лекови на починати, каде завршиле скапите лекови – хаос во документацијата на Онкологија

Тројца онколози и двајцата директори осомничени за скандалот Онкологија – обвинителството отвори постапка

Задржани четири лица во врска со скандалот на Онкологија