А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Клинтон: Верувам дека ќе се изнајде достоинствено и практично решение за проблемот за името.

by А1он03/11/2012 - 12:5303/11/2012 - 17:25173
Share0

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, доцна синоќа оствари телефонски разговор со Државниот секретар на САД, г-ѓа Хилари Клинтон, на нејзино барање.

Добивај вести на вибер

„Државниот секретар на САД изрази задоволство од одличните билатерални односи меѓу САД и Република Македонија. Партнерството со Република Македонија за нас е многу значајно и благодарни сме за придонесот кој го давате во ИСАФ, истакна Државниот секретар Клинтон“, стои во соопштението од кабинетот на Иванов.

„ Двајцата соговорници разменија мислења и информации за состојбите во регионот на ЈИЕ. Претседателот Иванов нагласи дека само брзата евроатлантска интеграција на сите земји од регионот може да донесе трајна стабилност, безбедност и просперитет.

– Вашата поддршка во насока на исчекор во деблокадата на ЕУ интеграцијата е од исклучително значење, и високо ја почитуваме вашата порака од Чикаго, истакна македонскиот претседател при тоа нагласувајќи од какво значење за Република Македонија, но и за целиот регион претставува деблокадата на евроатлантската интеграција.

– Државниот секретар Клинтон нагласи дека САД е и ќе бидат партнер на Република Македонија, дека како и досега ќе ги помагаат стратешките цели на Република Македонија. Сите сакаат да ве видат во НАТО што поскоро и искрено се надевам дека ќе биде отстранета единствената пречка и дека ќе се изнајде достоинствено и практично решение за проблемот за името.

– Подготвени сме да помогнеме, рече Државниот секретар на САД. Претседателот Иванов истакна дека изнаоѓање на заемно прифатливо решение би било од заемна корист и добро за двете соседни земји. Република Македонија активно и конструктивно учествува во процесот кој се води во ОН, и ние сме подготвени за заемно прифатливо решение во кое нема да има победници и поразени, истакна македонскиот претседател“, соопштува Кабинетот на Иванов.

imetopretsedatelsad

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Внатрешните немири во Белата куќа ги обликуваат пораките на Трамп за војната со Иран

Горан Наумовски02/04/2026 - 22:20

Келог: Време е за нов сојуз

Горан Наумовски02/04/2026 - 21:43

Во тек се индиректни преговори меѓу САД и Иран

Горан Наумовски02/04/2026 - 21:30

„Њујорк тајмс“: Иран сè уште не е подготвен за преговори за завршување на војната

Горан Наумовски02/04/2026 - 21:22

Багеи: Нападите на САД и Израел врз иранските цивили претставуваат геноцид

Горан Наумовски02/04/2026 - 20:57

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Горан Наумовски02/04/2026 - 17:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто