Клиниката за ендокринологија ќе добие апарат за скрининг на дијабетична ретинопатија

Од:

Во Центарот за дијабетес при ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички болести, денеска ќе биде промовиран апарат (за фотографија на очно дно) за скрининг на дијабетична ретинопатија, донација од Интернационалната федерација за дијабетес (International Diabetes Federation – IDF).

Како што соопшти Клиниката за ендокринологија, донацијата е резултат на долгогодишната соработка на Националното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија и Македонската дијабетолошка асоцијација со Интернационалната федерација за дијабетес, чиј претседател проф. Нам Чо ќе присуствува на промоцијата на апаратот.

По предлог на Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, апаратот се донира на Клиниката за ендокринологија, со обврска за повеќе од 1.500 прегледи годишно кои ќе бидат директно испратени до светската датабаза создадена од Интернационалната федерација за дијабетес.

-Со оглед на се поголемиот број на луѓе со дијабетес во Македонија, личната засегнатост на пациентите, како и финансискиот товар на државата во однос на третманот од компликациите од дијабетесот, скринингот за компликации е од особено значење. Од овој аспект, ваквата донација ќе има голема улога и ќе биде од огромно значење за скрининг и рана дијагноза на една од најпознатите микроваскуларни компликации од дијабетесот – дијабетична ретинопатија, наведуваат од Клиниката за ендокринологија.

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува