Универзитетската клиника за гастроенетрохепатологија преку соопштение ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски дека не сакале да го прегледаат и дека некои од лекарите се шегувале со неговата здравствена состојба.
Адвокатот, се посочува во соопштението, го има наодот од прегледот, проценка е дека е потребно да се направи колоноскопија, што кај најголем број пациенти се прави во амбулантски услови.
– Со образложение дека во притвор нема услови за прочистување, адвокатот на Б.Ј. бара тоа да биде направено во хоспитални услови, за што одлучува Судот. На пациентот Б.Ј. му беше закажан преглед во понеделникот (18 ноември), со план да се направи негова подготовка во болница, но тој не беше донесен на Клиника. Истакнуваме дека внимателно ќе бидат разгледани новите медицински информации на пациентот, што за Стручниот колегиум на Клиниката, сепак е најбитно и ќе биде постапено согласно неговата здравствена сосотојба, како што налага медицината базирана на докази, наведуваат од Клиниката.