(ВИДЕО) Дуковски: Не му работи бубрегот на Боки 13, мокри крв и пола месец е без антибиотик

Од:

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста, рече дека е загрижен поради здравствената состојба на неговиот клиент, бидејќи 15 дена по препорака на специјалистите, е со нефункционален и задбелен бубрег и има темна мокрача и столица.

„Јовановски мокри крв и има крвава столица и не може самостојно да се движи”, рече адвокатот Дуковски. Адвокатот појасни дека сето ова се должи на хируршката интервенција на Јовановски пред да биде уапсен, кога поради проблеми со тежината, го стеснил желудникот и му бил подврзан со тенкото црево.

Од 15 јули кога бил уапсен и притворен Боки 13 бил 30 пати однесен во болница поради компликации со здравствената состојба. Вина, како што рече, немаат судот и затворот, туку затворскиот лекар кој не ги почитувал напатствијата на клиниката и болницата.

Дел од извештаите на лекарите за здравствената состојба на Бојан Јовановски

„Не бараме милост. Тој е граѓанин и како и сите други, заслужува нега. Не е ова инквизиција. Не е ова 15 век, туку ова е модерна кривична постапка”, кажа адвокатот пред новинарите.

Дуковски кажа дека Јовановски бил омаловажуван поради неговата сексуална ориентација и тоа од медицинари: “Јовановски можел да ги чуе медицинарите како велат, што ако умре, нека умре педерот. Каде е ЛГБТ заедницата? Каде се невладините организации?”.

Адвокатот на Боки 13, рече дека не може да ја гради одбраната за неговиот клиент затоа што постојано разговараат за неговата здравствена состојба и размислувал да му го откаже полномоштвото. За Боки 13, како што рече неговиот бранител, немало место за хоспитализација на Клиниката за торакална хирургија.

Дуковски рече дека неговиот клиент повраќал и колабирал пред обвинителката Вилма Русковска, но и покрај тоа, таа дала негативно мислење за поблага мерка за неговиот клиент.

Тој му се обрати и на претседателот на државата, Стево Пендаровски, каде тој бара случајот побрзо да се расчисти и рече дека тоа не е негова работа, затоа што случајот секако ќе добие завршница.

Првото судење за Јовановски е закажано за 3 декември. Според обвинението, од ноември 2018 година до април 2019 година обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, го искористил пријателството со шефицата на СЈО, Катица Јанева, и ѝ влијаел да го извади од притвор осомничениот бизнисмен Орце Камчев, во предметот „Империја“.

Јанева му ја олеснила положбата во истрагата на Камчев, па предложила да му се укине притворот и да му се определи поблага мерка, куќен притвор, при постоење на неизменети околности.

Во натамошниот тек на постапката Јанева планирала да му даде својство на заштитен сведок и да ја запре истражната постапка, или да склучи со него предлог-спогодба за вина за полесни кривични дела, Камчев да плати незначителен износ на штета и да му се врати пасошот.

Обвинетиот Зоран Милевски постојано договарал средби меѓу Бојан Јовановски и брачната двојка Орце и Ана Камчеви, а за возврат за посредувањето примиле награда од од 1.5 милион евра во различни апоени, и тоа од Ана Камчева пола милион евра, а од Орце Камчев, 1 милион евра.

Јанева ова го прифатила и за себе прибавила значителна имотна корист и тоа предмети, мебел во износ од приближно пет илјади евра, кој за неа го набавил Боки 13 и од 50.000 евра.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски