Клиничката болница во Штип со нови апарати и 50 нови вработувања

Од:

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, денеска заедно со Ален Георгијев, директор на Клиничката болница во Штип, го промовираа новиот видео-ендоскоп за гастроскопија и колоноскопија, вреден 100 илјади евра. Овој современ апарат го набави Министерството за здравство, а е наменет за пациентите од Штип и околните места. Покрај едноскопот, оваа болница има 10 нови кревети со пациентмонитори и инфузомати и перфузори во коронарната единица, но и нова центрифуга машина во Клиничката лабораторија. Набавен е нов екстензионен стол за ортопедски и трауматолошки операции.

Директорот Георгијев, го информираше министерот Филипче и за другите новости во оваа Клиничка болница и додаде дека за првпат после 50 години, болницата доби нови машини за перење и сушење на алишта.

– Многу сум задоволен од тоа како се развива оваа Клиничка болница. Приоритет на Министерството е обнова и реконструкција на посточките капацитети, но и набавка на нови апарати, што тука во Штип очигледно добро се спроведува. Со големо задоволство им честитам на 50-те нововработени лекари и здравствени работници во оваа болница, изјави министерот Филипче.

Оваа Клиничка болница е голем регионален медицински центар и ги опслужува пациентите од речиси целиот регион од Источна Македонија.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска