Климатските промени во фокусот на првиот ден од Европската недела на мобилност 2018

Од:

Животната средина и климатски промени беа темите на презентациите што денеска се одржаа во ЕУ Инфоцентарот, како дел од активностите во првиот ден од Европската недела на мобилност 2018. На презентацијата акцент беше ставен на активностите на Град Скопје – новата веб-страница за животна средина, инвентарот на стакленички гасови за Град Скопје, проектот Зелени кули и пилот проектот за намалување на урбаните топлотни острови.

Третата конференција „Bike and Learn“ се одржа во четири средни училишта на Град Скопје, и тоа „Орце Николов“, „Здравко Цветковски“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Васил Антевски Дрен“, а со фокус на акцијата за анкетирање на средношколците за нивната мобилност до училиште.

На Школката во Градскиот парк за вечер во 20 часот е закажана проекцијата на документарниот филм Пред поплавата (Before the flood), за последиците од климатските промени.

Европската недела на мобилност 2018 продолжува утре (18.09.2018, вторник), од 10 до 12 часот, со обука за сообраќајните правила за учениците во основните училишта во општината Кисела Вода. Станува збор за популарни предавања од областа на сообраќајот и безбедното возење велосипед.

За ученици од средните училишта, пак ќе се одржи промоција на одржливи туристички тури со автобус до Матка, изнајмување велосипед, посета на Музејот на ЕВН на Матка и на црквата „Свети Андреа“ и враќање кон Скопје повторно со автобус.

Во периодот меѓу 15:30 и 16:30 часот е закажано дружење со херои од стриповите на Марвел во автобус.

Градот Скопје ја реализира Европската недела на мобилност 2018 во соработка со невладините организации Македонски Зелен Центар, Еко Свест, ГОУ ГРИН, ПРВ ДО ВРВ и СМАРТ АП – лабораторија за социјални иновации.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он