Клековски: Треба да пораснеме и да се договараме

Од:

На повеќето во Брисел, Вашингтон и Берлин им е преку глава од нашата неспособност за водење политички дијалог и договарање. Конечно треба да пораснеме, вели аналитичарот Сашо Клековски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Македонија веќе 20 години постојано очекува да дојде некој странец од надвор и да ѝ ги реши проблемите. Очекувањата се свртени кон германскиот посредник Јоханес Хајнд, се очекува и доаѓањето на американската дипломатка Викторија Нуланд. Зошто со децении чекаме да дојде некој од надвор и да ни ги реши проблемите?

Мислам дека е поради фундаменталната слабост на нашиот капацитет за политички дијалог. Ние живееме во една политичка сцена која е доминантно маскулина, мачо, каде што постои модел на победник и губитник, каде што не постои модел победник-победник, на договарање, разговарање и во една таква ситуација странските чинители се неопходни за да го компензираат тој јаз што се јавува во политичкиот дијалог меѓу двете, три или колку и да се страни. Дополнително, во ретки ситуации тоа било поради недостаток на домашна експертиза, бидејќи за дел од решенијата што се потребни сепак е потребно едно пошироко искуство, дали европско, дали меѓународно, меѓутоа клучниот модел е нашиот дефицит во политичкиот дијалог. Ние немаме политичка култура на договарање.

Би можело да ве интересира

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген