Клековски и Аџигогов се нови директори во ФЗО

Од:

Примопредавање на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија беше извршено денеска, информираат од ФЗОРСМ.

Досегашните директори Магдалена Филиповска Грашкоска и Асаф Абдурамани како в.д. директор, ја предале должноста на новите в.д директори – Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата.

– Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и е со 30-годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор. Аџигогов доаѓа од редот на вработените и има повеќегодишно искуство во делот на менаџментот на Фондот, се наведува во соопштението.

Новите директори функцијата ја преземаат од денеска.

Би можело да ве интересира

ФЗО: 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро во првата година од законските измени

А1он

ДПМНЕ ќе менува закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО, тврди Левица

A1on

Ревизијата откри низа пропусти во ФЗО – доцнат реформи, контролите се недоволни

Горан Наумовски

Левица: Алиу и Клековски ги поскапеа „Фостер” и „Мифортик”, а заборавија да ги набават замените на сметка на Фондот

А1он

ФЗО: Системот се соочува со поголем обем на пациенти, но капацитетите се зајакнуваат

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР