Ќучуков: Блокирањето на С. Македонија ја става Бугарија во меѓународна изолација

Од:

Блокирањето на евроинтеграцијата на Скопје може да ја стави Софија во изолација во ЕУ и да предизвика силни антибугарски чувства во Северна Македонија, смета бугарскиот дипломат и директор на Институтот за економија и меѓународни односи, Љубомир Ќучуков.

– Јас сум скептичен кон самата идеја за блокирање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, бидејќи тоа е целосно во прилог на македонизмот и генерира многу сериозни антибугарски чувства кај нашиот сосед и ја става Бугарија во меѓународна изолација – во рамките на Европската унија и во регионот. Таквиот чекор го компромитира и приоритетот на Бугарија за време на претседавањето со Советот на ЕУ за евроинтеграција на Западен Балкан, изјави Ќучуков за БНР.

Тој смета дека со блокадата за ЕУ ќе се блокираат и релациите меѓу двете земји, што е негативен елемент, а недоразбирањата во билатералните односи се продлабочуваат со заострената политичка реторика. Решението, според него, треба да се бара преку дијалог, иако во моментов дијалогот на дипломатско ниво е исклучително тежок .

Во врска со договорите на Северна Македонија со Грција и со Бугарија вели дека се радикално различни и не можат да се прават паралели.

– Грција се обидува да докаже дека нема ништо заедничко со Република Северна Македонија, а ние се обидуваме да докажеме дека сè ни е заедничко, а тоа е процес, бидејќи станува збор за промена на свеста на луѓето, вели Ќучуков. Проблемите на Грција завршуваат со потпишувањето на договорот, а решавањето на проблемите меѓу Бугарија и Северна Македонија започнува со потпишување на договорот, вели Љубомир Ќучуков.

Би можело да ве интересира

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк