КЈП„Водовод“ ја прекина рестрикцијата на водата во Кочани

Од:

Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани од денеска ја прекина осумдневната рестрикција на водата за пиење за корисниците кои се приклучени на градскиот водовод.

КЈП „Водовод“ ваквата мерка ја примени поради екстремно високите температури и нарушените хидролошки состојби во регионот, како и од енормно зголемената потрошувачка особено во вечерните часови и нерационалното користење на водата.

Директорот на „Водовод“ Љупчо Папазов денеска информираше дека од денеска до сабота ќе има инцидентен прекин на водоснабдувањето и тоа само во перидот од 18 до 19:30 часот. Од недела состојбата со водоснабдувањето ќе биде нормализирана зашто, како што посочи, во целост се покажа оправдана осумдневната рестрикција на водата од градскиот водоснабдителен систем.

Во кочански „Водовод“ очекуваат подобрување на хидролошката состојба, а најавата за нови врнежи ќе ја подобри издашноста на бунарскиот систем кај село Грдовци од каде што Кочани и уште десетина населени места се снабдуваат со вода за пиење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат