МЕПСО: Ќерката на Невзат Бејта е вработена во МЕПСО бидејќи беше најдобар кандидат

Од:

Од АД МЕПСО за „Макфакс“ ги потврдија информациите во јавноста дека ќерката на ексградоначалникот на Гостивар oд ДУИ, Невзат Бејта, Фиторе Бејта Акику е вработена во МЕПСО. Од таму велат таа била избрана како најдобар кандидат од пријавените на огласот на енергетската компанија.

„На последниот оглас за вработување објавен во согласност со Законот за работни односи на работната позиција референт за набавки во одделот за комерцијални работи вработено е горепосоченото лице како најдобар кандидат од конкурентите на огласот“, одговорија од МЕПСО за „Макфакс“.

Од компанијата одговорија дека договорот за вработување е склучен во четвртокот на 20 декември 2018 година. Работната позиција е референт за набавки, во одделот за комерцијални работи, во службата за комерцијално набавни работи, со виша/висока стручна спрема. Нето-платата што ќе ја добива Фиторе е 36.540 денари, како што било објавено и во огласот за вработување.
Во АД ЕЛЕМ годинава се вработи и ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери како референт за правни работи.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар