Ќерката на 69-годишниот тетовец: Не се знае како се заразил, беше хоспитализиран во Центарот за рехабилитација-Козле

Од:

Наташа Апостолоска, ќерка на 69-годишниот жител на Тетово преку социјалните мрежи посочи дека од понеделникот молела за лекарска помош за нејзиниот татко. Таа вели дека не се знае како се заразил нејзиниот татко, а таа добила решение за самоизолација. Според нејзините пишувања, 69-годишниот тетовчанец бил хоспитализиран во Центарот за рехабилитација во Козле, поради мозочен удар.

Информацијата за заразениот тетовчанец ја потврди и Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје.

„Од понеделникот молев за лекарска помош за татко ми кој има 69 години, на секој број се јавив. И во Скопје и во Тетово, никој не покажа грижа од надлежните, за денес на тестот за корона да испадне позитивен. Појаснувам дека во Тетово лекарите и тимот за корона постапија според пропис, освен Брзата помош која ја молев да дојде да го прегледа и транспортира затоа што е неподвижен. Таа дојде по 30 минути“, објаснува Апостолоска.

Таа вели дека татко и бил хоспитализиран од 9 до 23 март во Центарот за рехабилитација во Козле. За отпуштањето оттаму, ќерката на заболениот тетовчанец вели дека докторите постапиле непрофесионално.

„Не сакам во ниту еден момент да биде политички третиран постот, туку сите на секој начин да помогнеме со свое искуство да се подобри здравството, а несовесните лекари да одговараат за тоа. Не се знае како се заразил, беше хоспитализиран во Козле од 9.3.2020 до 23.3.2020 година каде најнеетички, непрофесионално беше отпуштен, а докторите кои го отпуштија не сакаа да пријават за корона“, тврди Апостолоска на социјалните мрежи.

Моментално таа е во самоизолација 15 денови, а решението издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат го објави јавно.

„Мора да помине процес на самоизолација сметано од денес 15 дена, па да се тестираме, веднаш ни направија дезинфекција дома и не подучија за симптоми, превенција и самоизолација, ако има симптом некој од нас дома веднаш да им се обратиме“, додава Апостолоска.

Доктор  Шабан Мемети, директор на Институт за јавно здравје потврди дека 69 годишниот тетовчанец бил на лекување во Скопје.

„Синоќа е утврдено дека бил позитивен тестот за коронавирус кај 69 годишен маж. Тој е хоспитализиран и не ми е позната состојбата. Претходно бил на лекување на клиниката во Скопје и тука во Тетово“, посочи Мемети.

И министерот за здравство Венко Филипче денеска го потврди случајот.

„Пациентот престојувал во Козле две недели, од 9 до 23 март. Тој само во еден момент имал посета. По испуштање од болницата е индициран тест од Центарот за јавно здарвје-Тетово. По тестот се лекува на Инфективната клиника. Исконтактирани се сите доктори кои биле во контакт со него. На сите нив им е земен материјал за испитување, согласно временскиот период кој е поминат. Ниту еден нема симптоми на вирусот“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Маж од Тетово заработи кривична од МВР откако ја истепал сопругата

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година