Ќе умреме додека да добиеме термин за тестирање, реагираат жителите на Берово

Од:

Во семејството имаме човек со симптоми на коронавирус, кашла, веќе разви и бронхопневмонија, а термин за тестирање нема, реагираат жителите на градот.

Дел од нив за „А1он“ сведочат дека за да бидат тестирани за Ковид-19, мораат да одат до Кочани, Штип или да го прават тестот приватно, но дури и тогаш, предолго се чека за термин.

„Ние сме тука како слепо црево, како да сме Тунгузија. Комплетно заборавени од системот. Претходно тестирања се правеа два пати неделно, доаѓаа од Центарот за јавно здравје од Кочани во вторник и во четврток. Потоа престанаа да доаѓаат, со образложение дека се правеле премногу тестирања во градот“, сведочи жител на Берово кој сакаше да остане анонимен.

За да се добие термин за тестирање, вели тој, мора да се фатат врски.

„За некои мајка, за други маќеа. Не можеш без врски да се тестираш, има да си чекаш со денови. Наш член на семејството веќе разви бронхопневмонија, а тестирање може да се изврши дури наредната среда. До тогаш ниту знаеме што да правиме, ниту пак имаме како да го однесеме до Кочани. Не секој има пари да плати приватно“, сведочи тој.

Жителите со кои разговаравме велат дека дневно има по неколку луѓе во градот кои развиваат симптоми на Ковид-19, и дека нервозата е сè поголема, и кај матичните лекари и кај пациентите.

„Ние имаме микробиолог во Берово, не ни е јасно зошто не се прават тестови тука“, велат тие.

Во Берово од почетокот на пандемијата имаше 132 лица заразени од коронавирусот. Во моментов активни случаи има 50, а тројца беа дијагностицирани денеска.

Би можело да ве интересира

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

Пекевски: Дечињата кои прележаа салмонела се во добра состојба

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани

Малолетник со нож и се заканувал на поранешната девојка

Пекевски закажа средба на Управниот одбор во градинката „23 Август“ по информацијата за двата случаи на салмонела

Горан Наумовски