Ќе сториме се за да го заштитиме интересот на скопјани, вели Мицкоски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски очекува градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска или утре да организира координација со советничките групи во Советот на Град Скопје и да го презентира планот за подобрување на состојбите со хигиената и јавниот превоз во главниот град.

На новинарско прашање што доколку планот е неприфатлив Мицкоски денеска рече да се види првин планот истакнувајќи дека ќе се направи се за да се заштити интересот на скопјани.

Според Мицкоски, Арсовска на завчерашната средба во Владата немала план и и биле дадени неколку идеи.

– Немаше план. Јас ја повикав бидејќи бараше средба, но план не слушнав. Дадов неколку идеи. Очекувам денес, утре, да организира координација со советничките групи и да го презентира планот конечно. Првин да го видиме планот на градоначалничката па потоа се разбира дека ќе сториме се за да го заштитиме интересот на скопјани, изјави Мицкоски, при посетата на Неготино.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински по средбата со Арсовска рече дека очекувале да слушнат некаков план или реални потреби за кои како Влада и можеле да помогнат, но таа не понудила ништо конструктивно.

Наспроти тврдењата на Мицкоски и Перински Арсовска вели дека изнела план, но бил одбиен и било побарано да подготви нов, како и дека причина за состојбите во градот се блокадите од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и не изгласаните програми на јавните претпријатија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Реформите ги спроведуваме заради граѓаните, а не поради притисок од Брисел

Левица: Инспекторите откриле профитерство, Мицкоски се одлучи за кафе во четири очи наместо казни

Мицкоски: Оваа Влада гради и реализира, наместо да ветува

Филипче: Од реконструкцијата граѓаните ќе добијат само нови имиња и голема нула

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ – земјоделство

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери