Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Од:

Владата побарала мислење од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје дали да се зголеми и колкава да биде партиципацијата која ќе ја плаќаат студентите од следната година, неофицијално дознава „А1он“.

Студентското собрание на Филозофски факултет при УКИМ закажало втора редовна седница на 1 февруари на која ќе се дискутира токму за предлогот за покачување на партиципацијата која ја плаќаат студентите.

„Претседателот на Факултетското студентско собрфание на Филозофски факултет Дејан Бужаровски ја свикува Втората редовна седница на ден 01.02.2024 во четврток во 14 часот. Дневен ред на седницата е усвојување на записникот од Втората вонредна седница на ФСС и дискусија за предлогот за покачување на партиципацијата која ја плаќаат студентите“, стои во известувањето.

Неофицијално се размислува за двојно покачување на партиципацијата за додипломски, постдипломски и докторски студии за сите студенти, не само за оние кои ќе се запишат во учебната 2024/2025.

Најавите се дека цената на одредени факултети ќе биде 200 евра за семестар во државна квота на додипломски студии наместо досегашните 100 евра, додека во приватна квота цената ќе биде 400 евра наместо досегашните 200 евра.

Жалби од студентите и средношколците поради можното покачување веќе пристигнуваат до студентските организации.

„Иако ова е само најавено можно покачување, стоиме на страна на студентите кои се против ова покачување и сакаме да испратиме порака дека бесплатното државно образование треба да биде бесплатно. Сепак, “бесплатното” образование нѐ чини по 200€ од семестар. Свесни сме за положбата на студентот во Македонија и не смееме да дозволиме да се влоши дополнително“, информираа од организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите.

Би можело да ве интересира

Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи, тврди Дурмиши

Горан Наумовски

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата