Ќе се зајакнува соработката во здравството меѓу Северна Македонија и Грција

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Владата се сретна со грчкиот министер за здравство Андреас Ксантос, во рамки на официјалната посета на премиерот на Република Грција, Алексис Ципрас на Скопје.

На средбата, соопшти Министерството за здравство, двајцата министри разговарале за зајакнување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Грција во областа на здравствениот сектор преку поттикнување на обуки, научни програми и размени на универзитетите, болниците и другите здравствени установи.

Областите од заеднички интерес за размена на знаења и за спроведување на проекти се: мобилизирање на структурните фондови на ЕУ, особено средства од Интеррег, за спроведување на прекугранични проекти во здравствениот сектор; обезбедување експертиза во областа на менталното здравје (деинституционализација, служби за ментално здравје во заедницата, психосоцијална и професионална рехабилитација) и зависност од дрога (превенција, супституциона терапија, таканаречени „суви“ програми и психосоцијална рехабилитација); соработка во областите на заразните болести (особено на векторните болести) и прашања од јавното здравје, како и системот за Итна медицинска помош и обезбедување експертиза и техничка поддршка при обезбедување и менаџирање на крв наменета за трансфузија, вклучувајќи и серологија и молекуларно тестирање.

Министерот Филипче на средбата истакнал дека со Република Грција досега e одлична соработката, што дополнително ќе се унапредува и зајакнува со размена на искуства и знаења, за да се зголеми пристапот и квалитетот до услугите во здравството, како и да се развијат проекти особено за меѓуграничка соработка.

Моментално, со Република Грција во рамки на ИПА меѓуграничната соработка се одвива проектот „Унифициран информатички систем за размена на информации меѓу единиците во примарната здравствена заштита во меѓуграничниот регион“, Health Info. Главната цел на проектот е зајакнување на соработката меѓу двете земји во областа на здравството, преку размена на информации во унифицирани информациски системи. Во рамки на проектот предвидено е да се изврши набавка на опрема за скрининг на рак на дојка, да се спроведе едукација на здравствени работници, да се врши скрининг за рак на дојка и да се воспостави заедничка е-платформа заради размена на информации за прекуграничните здравствени ресурси, наведуваат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска