А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Ќе се воведуваат тестови за транзит патниците откако Финска побара укинување на летовите за Скопје

by Маја Илиевска-Пачемска18/08/2020 - 16:1418/08/2020 - 16:17982
Share0

Комисијата за заразни болести утре ќе одлучува за воведување тестови за патниците кои само минуваат низ земјава. Министерот за здравство Венко Филипче смета дека треба да се воведат тестови.

Следете a1on на Instagram Instagram

„По првичниот случај, пративме писмо преку Министерството за надворешни до амбасадата во Стокхолм која ја покрива и Финска но не сме го добиле списокот со 24 лица детектирани како позитивни. Наша цел беше да видиме дали се наши или државјани на Косово кои беа во тој авион, но по вториот случај утре на Комисија за заразни болести ќе дискутираме за воведување ПЦР тестови и за транзит патници. Во целиот регион имаме најстабилна ситуација, кај нас има подобрување, нема потреба нашата земја, нашиот аеродром да стои како место од кое излегуваат позитивни патници. Утре ќе донесеме соодветна одлука„, рече министерот Филипче.

Со саботниот лет на Визер од Скопје во Турку, Финска пристигнале уште 12 позитивни патници. Во авионот имало 115 патници, а тестирани биле 95 отсто. На сите им се издадени наредби за домашен карантин.

Ова е трет по ред лет Скопје – Турку во кој беа откриени патници позитивни на Ковид-19. На првиот лет на 8 август по доброволното тестирање на сите кои пристигнаа од Скопје позитивни беа 26 лица, а на вториот на 11 август уште пет. Вкупно досега на трите лета се регистрирани 42 случаи на корона вирус. Најголем дел од патниците во трите лета биле со патни исправи на Косово и на Финска.

Следете a1on на Youtube YouTube

Министерката за внатрешни работи на Финска, Марија Охисало, по откриените позитивни патници изјави дека владата бара најефикасни начини за да се спречи ширењето на коронавирусот. Најави и можна привремена забрана на летовите од земјите со висок ризик од Ковид-19, како и изготвување регистар на држави и нивно групирање во црвена, зелена и жолта зона.

Македонија е на финскиот список на високоризични земји.

komisija za zarazni bolestikoronavirus mkdtranzit patnici

Би можело да ве интересира

Самоизолација и здравствен надзор за две лица кои се заболени од мајмунски сипаници

Горан Наумовски23/05/2025 - 17:30

Мехмедовиќ: Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19

А1он08/01/2025 - 14:3708/01/2025 - 14:38

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Ќе заседава Комисијата за заразни болести, се очекуваат детали околу забраната за невакцинирани деца во градинките

Катерина Ѓуровски14/03/2024 - 07:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео