Ќе се воведува задолжителна изолација на сите граѓани кои се тестирале за Ковид-19, а чекаат резултати

Од:

Владата на вечерашната седница го задолжила Министерството за здравство да подготви и за наредната седница на Владата да достави предлог – уредба со законска сила која правно ќе се нормира прашањето во однос на воведување на задолжителна самоизолација за сите граѓани кои вршат тестирања за Ковид-19, најмалку до моментот на добивање на резултатот, согласно епидемиолошката анкета.

Досега, во јавноста имаше големи реакции во делот на тоа дека голем број граѓани кои се тестирале за присуство на коронавирусот, резултатите ги чекале со денови, а во меѓувреме се појавувале на работните места и слободно се движеле. Тие одеа во самоизолација само доколку се покажеше дека тестот за Ковид-19 им е позитивен.

Таков беше случајот и со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој додека ги чекаше резултатите од тестот за Ковид-19, ја пречека владината делегација во Куманово, заедно со членовите на Кризниот штаб.

Утредента се откри дека Димитриевски е позитивен на тестот, исто како и десет претставници од штабот, по што во самоизолација мораа да одат премиерот Оливер Спасовски и министрите Венко Филипче, Бујар Османи и Арбр Адеми.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски