Ќе се сечат чемпресите на плоштад Филип Втори

Од:

Дрвјата околу плоштадот Филип Втори, преку Камени мост, ќе бидат отстранети затоа што претставуваат опасност за минувачите и околината, најавуваат од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. На нивно место, додаваат, ќе бидат засадени нови садници.

Во невремето што го зафати Скопје изминатиов месец, велат од таму, паднал еден чемпрес кој предизвикал штета и поради тоа бил отстранет. Екипите на јавното претпријатие утврдиле дека и другите зимзелени садници на овој плоштад покажуваат слабост, се со слаб и оштетен коренов систем и постои опасност да паднат.

„Поради наведените причини и заради безбедност на граѓаните, Ве известуваме дека овие оштетени садници ќе бидат отстранети и на нивно место ќе бидат засадени нови и здрави садници“, велат од таму.

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици