Ќе се реконструира велосипедската патека во Карпош

Од:

Општина Карпош распиша тендер за реконструкција на велосипедската и ролерската патека која минува долж нејзината територија. Станува збор за велосипедска патека која се протега од мостот кај хотелот „Александар Палас“ до Мостот на „Обединетите нации“ во должина од 3,5 километри, на која на пет до шест места има поголеми оштетувања.

Општина Карпош издвои 360.000 денари за санација на дупките и испакнувањата на патеката и таа ќе почне во најскоро време.Дотогаш, Општината, на неколку поголеми оштетувања кои се направени поради временските прилики, удари и 12-годишната амортизација на патеката, постави табли со предупредување до корисниците за прилагодување на брзината на возењето кон условите на патеката.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец