Ќе се проширува влезот на Каналот Биљанини извори во Охрид

Од:

Влезот на Каналот Биљанини извори во Охрид ќе се проширува за 30 метри, со сечење на трската. Оваа акција ќе биде изведена деновиве во координација на Охридската капетанија, Езерската полиција, Центарот за обука на вода, а со дозвола на Министерството за животна средина.

Поради проширување на трската и обемот на површина која таа почна да го зафаќа се појавија потешкотии при влезот и излезот на поголемите пловни објекти од и во каналот.

„Се собравме група на ентузијасти под координација на Капетанија и сите даваме свој допринос во однос на техниката која треба да се примени во однос на чистење на трската. Дел од опремата е на Центарот за обука на АРМ, дел е од ЕМО Охрид, бордарите ќе дадат свој брод.

– Врз база на одобрение кое го имаме од Министерство за животна средина ширината на влезот од каналот ќе ја прошириме за 20-30 метри поради неконтролираното дивеење на трската. Трската се прошири и го затвори влезот наканалот бидејки во изминатиот период беше намалена активноста на воените бродови и затоа време трската го затвори влезот“, рече Горан Устијаноски Капетан во Капетанија Охрид.

Проширувањето на каналот се прави по неколку години, поради застојот и надвор од употреба на воените бродови.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник