Ќе се продлабочува соработката меѓу Македонија и Украина на парламентарно ниво

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација на Пратеничката група за меѓупарламентарни односи со Република Македонија на Врховната Рада на Украина, составена од пратениците Андриј Шинкович, Михајло Кобцев и Роман Мацола.

На почетокот на средбата, Џафери изрази задоволство што Делегација од Врховната Рада на Украина е во работна посета на Собранието на Република Македонија и се надева дека тоа ќе преставува поттик за почести средби и контакти во иднина. Односите меѓу Република Македонија и Украина од нивното осамостојување се карактеризираат со дух на пријателство, доверба, отсуство на отворени или спорни прашања, како и соработка во голем број области од заемен интерес.

Во однос на парламентарната соработка, беше истакнато дека пратениците од двете земји соработуваат и меѓусебно се поддржуваат во меѓународните собранија во кои членуваат парламентите на двете земји, а особено во рамките на парламентарните собранија и мисиите на ОБСЕ и на Советот на Европа.

Двете страни се согласија дека Република Македонија и Украина ја споделуваат цврстата одлучност да станат дел од ЕУ и НАТО. Џафери изрази благодарност што Украина ја поддржува Република Македонија на патот кон демократскиот развој и во аспирациите кон евроатлантските структури.

Република Македонија е особено заинтересирана за унапредување на економската соработка, трговската размена и привлекувањето украински инвестиции.

За време на средбата беше подвлечено дека оваа работна посета претставува можност за продлабочување на соработката на парламентарно ниво, што од своја страна ќе придонесе во зајакнување на односите, како на економски и образовен, така и на културен план.

На крајот од средбата двете страни се согласија дека соработката меѓу Македонија и Украина на парламентарно ниво ќе продолжи да се продлабочува, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

Би можело да ве интересира

Млада Украинка загина при руските воздушни напади додека ги засолнуваше синовите

А1он

Руски семејства контактираат со Украина, си ги бараат исчезнатите синови – војници

Мерц неуспешно го убедуваше Маѓар да го промени ставот за Украина

16 лица се убиени во руските напади врз Киев и Днепар

Украински дронови го погодија Санкт Петербург во пресрет на клучниот економски форум

Горан Наумовски

Платеници од Германија и Велика Британија се убиени во Запорожје