Ќе се поставуваат автоматски рампи на патарините

Од:

Јавното претпријатие за државни патишта склучи договор со фирмата “АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ – Скопје“ во вредност од 110 илјади евра за набавка на автоматски – стоп рампи, објави 24 вести.

Првиот тендер е поништен поради тоа што фирмата – носител не ги испочитувала роковите за преземената обврска, по што договорот бил раскинат, гаранцијата активирана, а фирмата добила негативна референца.

На новиот јавен повик интерес пријавиле две фирми а изборот е направен преку електронска аукција.

Дополнително, јавното претпријатие за околу 70 илјади евра спроведе набавка на патна опрема и за телекомуникациски услуги.

Во меѓувреме, Агенцијата за патишта постави мониторинг систем преку кој во живо се следи наплатата на патната такса.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силна поддршка за СДСМ од партијата на Европски социјалисти

Емир Латифовиќ

Груевски не сакаше да влезе, пратениците се инаетеја

Ана Ололовска

Почит и незаборав за прилепските бранители!

Емир Латифовиќ

Професорите му одговорија на ректорот: Престанете да манипулрате со нас

Емир Латифовиќ

ФОТО: Поројни дождови во Дебарско, одрони и прекинат локален сообраќај

Емир Латифовиќ

Секој Македонец троши по 50 евра годишно во кафеана

Емир Латифовиќ