Ќе се покрива сцената на Античкиот театар во Охрид

Од:

Ќе се покрива сцената од Античкиот театар и сцената на Долни Сарај во Охрид. Проектите за монтажно покривање на овие два културно историски локалитети заштитени со закон се при крај најави министераката за култура Елизабета Камчевска Милевска.

„Надлежната инстуруција Завод и Музеј Охрид треба да ги достави овие проекти, а се чека и конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културното наследство. По доставувањето на проектите ќе бидат објавени тендери.Она што го ветивме е дека во тендерите на Охридско лето ќе имаме и монтажно покривање на Антички театар, а за Долни Сарај, тендерот за монтажно покривање ќе биде објавен по завршување на работите за заштита на потпорните зидови“, рече министерката.

Проектот за покривање на Антички театар рече Милевска се работеле согласно законските процедури и соодветните одобренија од страна на највисоките институции. Покривањето на сцената ќе овозможи временските прилики да не бидат причина за нормално одвивање на најавените настани особено за време на Охридско лето.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник