Ќе се подобрува патната инфраструктура во руралните средини во Пехчево

Од:

Со средства од Бирото за регионален развој, општина Пехчево доби проект за изработка на проектна документација за подобрување на патната инфраструктура во пехчевските села Умлена, Робово, Црник и Панчарево.

Како што истакна градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, за подобрување на патната инфраструктура за повеќето селски населби во општината веќе е ангажирана фирма која проектната документација за реализација на проектот треба да ја изработи за 30 дена.

– Општина Пехчево за да ја подобри состојбата на патната инфраструктура во селските населби аплицираше и доби финансиски средства од Бирото за регионален развој на Република Македонија за создавање на предуслови за рурален развој во село Умлена, Робово, Црник и Панчарево. Средствата се во вредност од 657.024 денари. Со овие финансиски средства ќе се изработат проекти, со кои ќе аплицираме до надлежните институции и до Влада на Р. Македонија за реализација на истите, рече градоначалникот Тренчовски.

Тренчовски додава дека со вакви или слични проекти ќе се подобри квалитетот на животот во селата и ќе се даде придонес за намалување на уселувањето.

– Во изминатиот период селата беа целосно заборавени. Сега акцентот го ставаме на руралните подрачја и подобрување на квалитетот на живеење за сите граѓани, а особено таму каде што е најпотребно, во подрачјата со специфични развојни потреби и во селата. Ние сакаме да придонесеме во подобрување на квалитетот на животот во селата и со вакви и слични проекти ќе дадеме придонес за намалување на иселувањето и останување на младите, додаде Тренчовски.

Според договорот со фирмата изведувач изработката на проектната документација треба да биде извршена до средината на октомври.

Би можело да ве интересира

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово

Земјотрес во Пехчево и Берово

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дилер од Пехчево

А1он

Општина Пехчево нема да троши средства за нови новогодишни реквизити

А1он

Почна со работа првиот пинг-понг клуб во Пехчево

А1он