Ќе се отстрануваат сите учебници со навредливи или несоодветни содржни

Од:

Сите содржини кои навредуваат, повредуваат или не се соодветни, треба и ќе бидат отстранети рече премиерот Зоран Заев во врска со учебникот географија за втора година средно образование кој ќе биде повлечен по реакциите дека има содржини навредливи за Албанците.

-Добив информација од Министерството за образование и наука за промена на учебниците што се подготвува за следната учебна година, ќе биде променет и учебникот по Географија, кој постои од 2002 или 2006, но проблемот првпат е увиден во 2018 година и доаѓа за промена токму сега, вели премиерот Зоран Заев.

Министерката за образование и наука Мила Царовска и нејзиниот претходник Арбер Адеми, вчера на работен состанок со првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби разговарале за концептот на реформи во образованието и за Законот за учебници за основно и средно образование.

Како што информираше Кабинетот на Груби, тие се согласиле дека според Законот за учебници, сите неправилности и неправди во сите учебници треба да бидат прегледани и исправени, почнувајќи веднаш од овој учебник по географија. Кај него, како и со другите учебници, ќе се примени членот 26 став 2 од Законот за учебници, според кој „учебниците се повлекуваат од употреба доколку содржат материјали што ја навредуваат историјата, културата и вредностите на сите граѓани на Република Северна Македонија“.

Повлекување од наставата на учебникот Географија на Република Македонија за втора година – реформирана гимназија со допис до МОН побарал Младинскиот форум на Алијанса за Албанците. Во писмото било наведено дека делови во учебникот се навредливи кон културата, историјата и другите вредности на Албанците во земјава, дека се ксенофобични и придонесуваат за стигматизација и охрабрување на говорот на омраза кон Албанците.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев