Ќе се отстранува нелегално поставена челична конструкција на локал на улица „Македонија“

Од:

„Oвластен градежен инспектор на општина Центар донесе решение за отстранување на градба – челична конструкција на правното лице „Гастротека Сиеста“ Д.О.О. за локал на улица „Македонија“, позади Лотарија на Македонија.

Сопственикот на локалот не поседува одобрение за градење на челичната конструкција и бидејќи го нема испочитувано решението за отстранување на градбата, општина Центар ќе пристапи кон отстранување на нелегалниот дел од објектот.

Овластениот градежен инспектор, истотака,  донесе решение за присилно административно отстранување на челична конструкција и дрвена платформа на локал на правното лице „Најдески 2016“ Д.О.О.Е.Л. Скопје, кое се наоѓа на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Како за претходниот случај, инвеститорот нема одобрение за градење и не го испочитувал рокот за сам да ја отстрани градбата“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски