Ќе се мери квалитетот на воздухот и во Кисела Вода

Од:

Во општина Кисела Вода ќе почне да се мери загадувањето на воздухот. Општината планира годинава да набави два мобили мерачи, едниот за квалитетот на воздухот и другиот за бучавоста.

– Оваа набавка е велезена во буџетската програма за 2018 година и се надевам дека во поскоро време ќе ги завршиме сите технички работи што ни се потребни за да ги набавиме тие два апарата, вели градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски во интервју за МИА.

Посочува дека се контролираат големите индустриски капацитети лоцирани на територијата на општината и од страна Министерството за животна средина и просторно планирање и од страна на општинскиот инспектор.

Во Кисела Вода, како што истакнува, недостасуваат вработени во Секторот за инспекциски работи каде има 12 заедно со комуналните редари, а општината ги покрива и Сопиште, Студеничани и Зелениково. – Имаме, додава, само двајца градежни инспектори, еден за екологија и еден за домување.

Во делот на заштита на животната средина, истакнува дека од Министерството за животна средина и просторно планирање добиле информации дека се обезбедени средства и за чистење на малата депонија со линдан од Охис.

– Во Охис има уште многу хемикалии останати познати и непознати, треба да се исчистат. Јас имав средба со стечајниот управник каде што ми беше кажано дека во текот на годината треба да се исчисти за да се продаде, вели Темелковски.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он