Ќе се испитува корупција кај пет судии меѓу кои и Вангеловски, Панчевски и Лаличиќ

Од:

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, поранешната членка на Судскиот совет Александра Зафировска, судијката Сафија Лаличиќ, Светлана Костова од Вишиот управен суд и поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски се под лупа на Антикорупциската комисија. Комисијата ќе утврдува дали постои злоупотреба и коруптивни дејства кои евентуално ги сториле судиите, преку проверка на нивните анкетни листови за имотната состојба и доставените изјави за интереси.

Ова доаѓа откако беше објавен извештајот на Стејт департментот на САД за човековите права за 2018 година, каде меѓу другото беше посочен специјалниот извештај на СЈО за судиите кои дозволиле политиката директно да се вмеша во судството.

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Софка Пејовска, на денешната седница изјави дека тие не можат директно да се преземат чекори за подобрување на судскиот систем, но можат да допринесат во рамките на нивните надлежности.

„Тоа е можноста да ја испитаме имотната состојба на луѓето од правосудниот систем кои долго време се спомнуваат како дел од нешто што е критикувано. Верувам дека доколку нешто откриеме ќе бидеме дел од мозаикот за подобро судство”, рече таа.

Инкау, во извештајот на Стејт департментот се цитираа делови од извештајот на СЈО за посочените судии.

„На 14 септември канцеларијата на специјалниот обвинител поднесе посебен извештај за судиите од незаконските прислушувања во 2008-2015 година“, а се посочува и извештајот за електронската распределба на предмети според АКМИС-системот додека до Кривичниот суд раководеше судијата Владимир Панчевски. Во извештајот е наведено дека помеѓу 2011 и 2015 година четворица судии биле инволвирани во „флагрантно кршење на интегритетот, независноста, стручноста и злоупотреби“.

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, според извештајот, споделувал клучни информации за активни случаи со политичарите и функционери за судењето.

„Поранешната претседателка на Судскиот совет, Александра Зафировска, се консултирала со високи владини претставници за избор на политички лојални или подобни судии дека кривичната судијка, Софија Лаличиќ, ги следела наредбите на УБК и сериозно го прекршила етичкиот кодекс на судиите, а управната судијка, Светлана Костова, истовремено работела и како судија и била вработена во УБК“, пишува во извештајот.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Димитровска: ДКСК постигна значителен успех во борба против корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче 6 години криел 5 стана, неговите анкетни листови се доказ, ги праќаме во соопштение сами нека воочат

ДКСК побарала податоци за имотната состојба на генералниот секретар на Владата и за патувањето на синот на премиерот во САД

Антикорупциска ќе иницира постапка против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори