Ќе се гради спортска сала во Домот за деца без родители 11 Октомври

Од:

Општина Центар во соработка со Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт планира изградба на мала спортска сала во рамки на Домот за деца без родители и родителска грижа 11 Октомври.

Изградбата на салата, која ќе чини околу 600 илјади евра, треба да почне по завршувањето на летните одмори. Салата треба да биде готова за една година.

– Општина Центар континуирано помага во реализација на сите активности на Домот за деца без родители и родителска грижа 11 Октомври, кој е на нејзина територија. Овојпат сакаме да најавиме дека општината ги изготви плановите за изградба на салата во Владата, преку Агенцијата за млади и спорт. Нејзиниот почеток е планиран за по годишните одмори, на почетокот на есента. За неполна година ќе биде завршена. На ваков начин ќе се создадат услови овие деца ќе имаат можност за рекреација и спорт во нивната близина, рече градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ.

Тој додаде дека не се исклучува да се размисли за евентуално вработување млади луѓе кои имале статус на деца без родители и родителска грижа во општината, во рамки на вработување лица од ранливи категории, иако, како што рече, предност ќе се даде на најосетливите од овие групи како лица со оштетен вид и слух.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар