Ќе се гради нова спортска сала во Виница

Од:

Советот на општина Виница донесе одлука за прифаќање на Програмата за изградба на нова спортска сала која ќе биде во состав на основното училиште „Славчо Стојменски“ од овој град.

Со Програмата, предложена пред советниците, се планира изградба на спортска сала за потребите на училишето со површина од 1.500 метри квадратни, односно со нејзино вцртување во КП 10320 непосредно до зградата на постојното училиште.

Досега според урбанистичкиот план ваков објект не беше вцртан во урбанистичкиот план на градот Виница. Со самото вцртување во урбанистичкиот план ќе започнат и останатите активности за реализација на овој значаен капитален прокет за потребите на образованието во општината.

Членовите на Советот на општина Виница ја разгледаа и прифатија информацијата за состојбата со водата за пиење во населените места Липец, Лески, Трсино, Трстија, Градец и Блатец при што е констатирано дека ги задоволува хемиските и бактериолошки својства за употреба. Со селските вододводи во овие населени места стопанисуваат месните заедници, а редовното испитување на исправноста на водата за пиење го врши Заводот за јавно здравје од Кочани.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски