Ќе се гради нова детска градинка во Ново Лисиче

Од:

Општина Аеродром објави тендер за изградба на нова детска градинка во рамки на градинката „Буба Мара“ во населбата Ново Лисиче со капацитет за згрижување на повеќе од 250 деца.

Новиот објект ќе има приземје и еден кат со вкупна површина од околу 1.200 квадратни метри. Во рамки на приземјето се предвидени четири занимални за деца од две до четири годишна возраст. На катот предвидени се две занимални, односно јасли за деца до две години, како и две занимални кои можат да ја менуваат својата функција за возраста на децата зависно од потребата. Објектот на двата ката ќе има сопствени санитарни јазли и кујни, како и канцеларии и гардероби.

Според градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, објектот ќе биде енергетски ефикасен, а материјалите за изградба ќе бидат еколошки прифатливи.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски