Ќе се гради нов објект за полициската станица и противпожарната единица во Ѓорче Петров

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска со градоначалниците на Град Скопје и на општина Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Сокол Митревски разговарааа за реализација на идејата, по речиси 50 години, за изградба на нова полициска станица од општа надлежност во Ѓорче Петров, во функција на подобро извршување на секојдневните работни задачи.

На средбата, изјави министерката Јанкулоска, е разговарано и за можно решение во непосредна близина или во истиот објект да биде сместена и единицата за противпожарна заштита. Со тоа, нагласи таа, на некој начин службите кои се грижат за различни аспекти на безбеднсота на граѓаните од општината ЃорчеПетров би биле концентрирани на едно место, за подобра координација тогаш кога е потребно, но и за поголема ефикасност.

Според градоначалникот Митревски, со дислокацијата на полициската станица на адекватен локалитет обезбеден од општина Ѓорче Петров и со поволности во однос на потребните комуналии, граѓаните ќе добијат нов паркинг простор.

– Овие заложби не беа во предизборната моја и програмата на градоначалникот на Град Скопје, меѓутоа кога се работи и имаме добра соработка со Владата и со ресорните министерства, секогаш идеите наоѓаат реализација, изјави градоначалникот Сокол Митревски.

Трајановски изрази задоволстово за тоа што е најдено решение за овие два клучни објекта од јавен интерес за Ѓорче Петров, но и за Градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он