Ќе се гради ли хотел меѓу две цркви во Гевгелија?

Од:

Оваа дилема веќе неколку дена си ја поставуваат гевгеличани, особено жителите јужно од градскиот центар, во близина на католичката и православната црква „Св. Кирил и Методиј“, и со чудење бараат одговор: дали е можно некој да смислил на тесниот простор помеѓу двете цркви да изгради и еден хотел. Намерата не е далеку од можното, ако се следи економската логика, зошто новиот хотелски објект би бил оддалечен од центарот само 20-30 метри.

Дилемите започнаа со неколкуте измени на повеќе Детални урбанистички планови за центарот на градот, брзата постапка за нивното донесување, јавна расправа со присуство на претставници од јавната администрација, а не и поширок круг жители од односните градски зони што се предмет на урбанистичка обработка, нивното организирање по три јавни расправи за еден ден, каде што времето на излагање е 10-15 минути за секој проект, со што и гевгеличани остануваат збунети и се прашуваат: каде што се менува и што ќе се гради?

Поради слабата комуникација на локалната власт како предлагач на документите со граѓаните, деновиве на социјалните мрежи вриеше од прашања и негодувања. Точката на зовривање беше реакцијата на црковните власти во Гевгелија, кои преку јавно писмо до граѓаните во име на Повардарската епархија, а со печат на Црквата „Св. Кирил и Методија“, ги повикаа граѓаните со своите потписи да го спасат црковниот храм од градењето хотел во негова близина.

Општината ги дематира таквите намери со образложение дека наспроти црквата ќе се гради деловен комплекс, приземје со кат, и нема да се наруши сообраќајниот режим и кружниот тек пред црквата, кој е единствениот слободен простор за помасовни собирања за време на верските празнувања.

„Во моментот во постапка се наоѓаат 30 урбанистички планови. Само за потребите на Гевгелија во прва или во завршна фаза на донесување се наоѓа 21 ДУП“, објаснуваат од Општината.

„Покрај 30-ина урбанистички планови, кои се во постапка на донесување, поведени се и три приватни иницијативи за измени и дополнување на постојните урбанистички документи, по коисе води јавна анкета. По сумирањето и (не)прифаќањето на приговорите и добивањето на потребните законски согласности, урбанистичкиот план ќе пристигне за расправа и усвојувањепред општинските советници. Наспроти ваквата јасна законска и детално образложена постапка, еден  нацрт-ДУП по приватна иницијатива предизвика лажна бура од реакцииво јавноста“, додаваат од Општината.

Конечните одлуки за сите планирани урбанистички измени треба да бидат донесени од мнозинството членови во Советот на Општината. Како ќе заврши оваа натегање меѓу локалната власт, од една, и црквата помогната од граѓаните, од друга страна, сèуште е неизвесно, со оглед на брзите постапки на доносување на урбанистичките планови и уште побрзите измени на намените на градежното земјиште во деталните урбанистички планови.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија