На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Од:

МВР извести дека на две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи.

Вчера во дом во Гевгелија бил пронајден починат И.Г.(45). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Истиот ден во 16.35 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во домот во Гевгелија бил пронајден починат М.Р.(45) од Гевгелија.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за утврдување на причината за смртта на двајцата гевгеличани.

Би можело да ве интересира

Почина маж во Поликлиниката „Бит Пазар“

Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10

Трагичен настан во Косово: Маж и бебе се пронајдени мртви во село кај Гњилане

Мртов маж е пронајден во куќа во Скопје

Горан Наумовски

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Осма жртва од западнонилска треска