А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ќе се гради извиднички музеј во Крива Паланка

by А1он11/11/2016 - 09:44140
Share0

На прославата на 56 години од постоењето на извиднички одред „Наум Наумовски – Борче“ Крива Паланка, синоќа, беше најавен нов проект кој ќе го реализираат скаутите, изградба на музеј на извидници.

Добивај вести на вибер

– Чест ми е на роденденот да најавам нов капитален проект со кој во старите простории на извидничкиот одред ќе се оформи музеј што ќе ги возобнови спомените од 1960 година до денес, од сите активности на извидниците, старешините кои го развивале одредот. Ќе бидат собрани и изложени фотографии, значки, трофеи кои датираат од самото формирање до ден денес, рече Игор Ангеловски старешина на ИО „Н.Н. Борче“.

Проектот ќе се имплементира со финансиска поддршка на USAID.

– Главна цел на одредот е да придонесе за развој на членовите во млади и одговорни личности преку унапредување на нивните психофизички, интелектуални, духовни и општествени можности како поединци и одговорни граѓани, членови на локална, и воопшто на меѓународна заедница, дополни Ангеловски.

Одредот е формиран во далечната 1960 година. -Тогашното здружување беше озваничено на иницијатива на извидниците од Куманово и Скопје. Оттогаш досега организацијата се развива и бележи бројни успеси кои се надевам и во иднина ќе продолжат, рече првиот старешина на одредот Анте Христов.

Јованче Маџовски, поранешен старешина, рече дека одредот е извор светлина, сонце на младата популација и патоказ на патриотизмот во Македонија.

На прославата по повод 56 години од формирањето на ИО „Н.Н.Борче“ беа доделени и благодарници на соработниците од приватниот и јавниот сектор во општината.

kriva-palanka

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 10:42

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски26/02/2026 - 14:2326/02/2026 - 15:08

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он21/02/2026 - 17:06

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски05/01/2026 - 13:1605/01/2026 - 13:17

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он08/12/2025 - 18:5908/12/2025 - 19:51

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски02/10/2025 - 18:2802/10/2025 - 18:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен